Гугл патентира нараквица за лекување на рак

од desk3
127 прегледи

Google има аплицирано за патент во Светската организација за интелектуална сопственост за уред кој се носи на рачниот зглоб и ги уништува клетките на ракот во крвта, пишува Times, цитиран од Фокус.

Image_4663938_407

Патент апликација со наслов “Nanoparticle Phoresis” опишува носечки уред кој “може автоматски да менува и уништува една или повеќе цели во крвта, заканувачки за здравјето”. Меѓу овие цели можат да бидат ензими, хормони, протеини, клетки или други молекули, чие присуство во крвта влијае врз здравствената состојба на носителите нараквицата.

Носечкиот уред ќе биде во можност да промени или уништува клетките преку насочување на енергија кон крвните садови во форма на радио бранови со променливо магнетно поле, акустични импулси или инфрацрвена или видлива светлина. Тоа енергетско влијание кое предизвикува хемиски промени во патолошките цели, има за цел да ги намали штетните здравствени ефекти, посочува Google. Компанијата додава дека нападнатите цели можат да бидат и канцерогени клетки. “Преку нанализирањето на малигнте клетки и предизвикување на промената или нивно уништување , ширењето на ракот може да биде попречено”.

Ова не е прв знак дека Google инвестира во канцерогени студии. Во октомври 2014 година стана јасно дека Google X – истражувачка лабораторија на компанијата, разработува пилула која може да детектира рак и други болести. Капсулата, наполнета со минијатурни наночестички се става во крвта и ги чисти туморските клетки. Методот се базира на означување на инфицираните клетки кои се наоѓаат во телото. Наночестички поседуваат магнетни својства, благодарение на што им се повлекуваат кон магнетното поле, емитувано од нараквицата. Во октомври Google изјави дека најмалку пет години работат на антиканцерна технологија од нејзината примена кај пациенти.