Гугл почна да нуди нова услуга за електронска пошта

од Vladimir Zorba
67 прегледи

“Гугл” можеби сака да ја замени популарната услуга за поштенски услуги “Gmail” со нова апликација, пишува “Индипендент”.4547853

Компанијата ги поканува своите корисници да го користат “Inbox by Gmail”, а според некои тоа можеби е “почетокот на крајот” за стариот Gmail.

“Inbox” беше претставена минатата година, но дури сега од технолошкиот гигант покажуваат зголемен интерес во наметнувањето на услугата. Преку различни функционалности таа анализира и дистрибуира пошта во секции, за да се олесни и прошири употребата на класичната електронска пошта.

По последните новости корисниците на “Gmail” на смартфон, во оваа фаза без да е задолжително, се префрлуваат кон “Inbox”. При отворањето на апликацијата голем прозорец го повикува корисникот да се насочи кон новата услуга.

“Ви благодариме што го пробувате ” Inbox “, гласи пораката при лoгирање. “За да ви олесниме, го обновивме Gmail, за да ве препрати тука” Се уште е достапна опција корисникот да се врати на стариот изглед на “Gmail”. Некои од корисниците укажуваат дека наскоро “Гугл” ќе ги насочува автоматски поштенските услуги кон новата апликација на смартфоните Android.