Google развива нова услуга, која ќе им овозможи на корисниците на Gmail да плаќаат сметки директно од e-mail. Идејата е да се прекине практиката со испраќање на хартиени сметки, пренесува онлајн изданието Re / Code. Во моментов услугата го носи кодираното име Pony Express. Таа има за цел да им овозможи на корисниците да добиваат интерактивни сметки од телекомите на пример, кои можат да платат директно во меилот, без да мора да одат до канцеларија или дури до веб-страницата на дадена компанија.
Google сака да ја претстави услугата кон крајот на оваа година. Таа е дел од стратегијата на интернет гигантот да се дигитализираат апсолутно секакви информации. Освен тоа ќе им помага на компаниите да собираат податоци за финансиската активност на корисниците, што ќе овозможи да навлегува во нови бизниси, коментира Џејсон Дел Реј од Re / Code.
Gmail ќе овозможува и опција електронските сметки да се плаќаат автоматски ако корисникот го сака тоа.Освен тоа ќе има опција за нивно организирање во посебна папка без да се изгуби во мејнстримот на пораки. Google нема да е првата компанија која нуди слична услуга. Таа сепак дефинитивно ќе е најголемата и со пристап до повеќето корисници. Засега не е јасно дали интернет гигантот предвидува услугата да е меѓународна, или да е достапна само за корисниците во САД.