Корпорацијата Google откри дека експерименталните самоуправувачки автомобили учествувале во 11 лесни сообраќајни несреќи , откако започнаа тестовите пред шест години, соопштија американските медиуми.
Сите несреќи се лесни, со мали оштетувања и без повредени , истакна Google на интернет страница, додавајќи дека за тоа време автомобилите поминале 2,8 милиони километри, од кои речиси 1,6 милиони километри целосно со самоуправување.
” Ниту еднаш самоуправувачки автомобил не предизвикал катастрофа “, истакна Крис Урмсон.
Осум од 11-те несреќи биле во градски услови .
Google има 23 тест возила “Лексус”, на кои е монтирана технологија за автоматско движење.