Google сака да им помогне на луѓето кои се грижат за килограмите, преку нов софтвер. Тој ќе може да ја препознава храната во дадена фотографија и да дава приближен број на калории на едно јадење, пренесе Guardian.

Софтверот се вика Im2Calories и е базиран на т.н. Deep Learning системи, а компанијата ја претстави идејата за време на конференцијата Rework Deep Learning Summit. Инженерот на Google Кевин Марфи вели дека системот е своевиден АИ, кој ги анализира пикселите во сликата и се потпира на комплексни алгоритми за да се процени големината и обликот на прехранбениот производ. “За мене е потврдено дека луѓето сакаат слична услуга и таа ќе е многу корисна за нив. Океј, можеби ќе има околу 20% отстапување од реалната калорична вредност на еден производ, но тоа не е важно. Просекот ќе е за подолг временски период и за сета храна што ќе даде релативно прецизен вкупен резултат ” , коментира Марфи.
Тој додава дека лекарите и научниците исто пројавиле интерес кон софтверот. Преку него ќе можат да ги следат навиките на своите пациенти и да вршат длабинска анализа преку сумирани количини на податоци. Пред онлајн изданието CNET портпарол на Google увезува и доза реализам. Софтверот уште се развива и нема конкретен рок во кој треба да стане достапен за пошироката јавност, така што корисниците сѐ уште ќе треба да се потпираат на класичните методи за попис на калориите во едно јадење.