Гугл развива верзија на Андроид за виртуелната реалност

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Американскиот интернет гигант Гугл работи над верзија на својот работен систем Андроид, насочувајќи го кон апликации за виртуелна реалност, соопштува “Волстрит џурнал”.Google-HQ_2228142b

Компанијата во Маунтин Вју, која не сака да го испушти возот за овој ветувачки пазар, формирала тим од инженери, чија улога ќе биде да создадат работна систем кој ќе се интегрира во идните апарати и апликации за виртуелна реалност, истакнува весникот, повикувајќи се на два извора запознаени со прашањето.

Еден од раководителите на инженерскиот тим бил продукцискиот директор на Гугл, Клеј Бејвор, кој работел на шлемот за виртуелна реалност.

Оваа верзија на Андроид требало да е истовремено компатибилна со оперативните системи на другите терминали (паметни телефони, таблети и др) и да им овозможува на програмерите да нудат свои апликации, истакнува “Волстрит џурнал”, додавајќи дека Гугл предвидува да го раздава бесплатно системот.

Целта на Гугл била да подлее вода на нејзиниот ривал Фејсбук, кој од своја страна развива својот шлем за виртуелна реалност Oculus Rift со сопствен работен систем.

Слично на конкурентите Гугл верува многу во лекомислен пробив на виртуелната реалност и инвестира многу во оваа област.