Рутерите не привлекуваат вниманието така, како што го прават лаптопите, смартфоните и другите технолошки гаџети. Работат тивко и кротко во аголот, а за нив се сеќаваме само кога има проблем и треба да се рестартираат.
Google се обидува да го промени тоа со својот OnHub – лесен за подесување и со одлични технички карактеристики. Рутерот кој наликува на модерна вазна или на бас звучник, доаѓа во две бои – црна и сина. Се поврзува со iOS и Android телефони преку апликација која дава информации колку уреди се поврзани со него и со каква брзина ги пренесува податоците.
Цилиндричната форма е важна само по себе. Таа е за подобар сигнал во сите правци, а за тоа помагаат и 13-те вградени антени. Рутерот автоматски го избира најсоодветниот канал за врска со одржување и стандардите 802.11ac и 5GHz Wi-Fi.
OnHub е создаден во партнерство со TP-LINK. Според сајтот Wired компанијата во моментов развива и втор модел рутер заедно со Asus.
Google ветува дека ќе додава нови функционалности, а обновувањето на софтверот ќе се случува автоматски. OnHub поддржува Bluetooth LE и Weave, што ќе овозможи во иднина да служи како smart home hub.
Ако треба да резимираме – засега целта на Google е да влезе во вашиот дом преку некој хардвер кој постепено ќе служи за освојување на нови територии.
OnHub ќе се појави на пазарот на 31 август по цена од 200 долари.