Google ќе започне тестирање на испораки на намирници, прeнесе главниот менаџер на одделот Google Express пред агенцијата Bloomberg. Услугата ќе се нуди пробно во Сан Франциско и уште еден американски град.
Интернет гигантот веќе има подготвени партнерства со продавници и магацини, кои ќе ги обезбедуваат стоките. Желбата на Google е постепено да нуди стоки од целиот асортиман на продавниците. Компанијата верува дека преку доставување на свежи производи во рамките на денот ќе може да привлече уште повеќе сообраќај кон нивните сајтови. Покрај тоа, овој сегмент на пазарот е бизнис за 10,9 милијарди долари само во САД и не е за занемарување.
Ако тестовите се успешни, услугата постепено ќе почне да се нуди и во други градови. Во меѓувреме Google го зголемува бројот на регионите, кои ја поддржуваат услугата испорака на следниот ден. Таа ќе опфаќа уште над 25 милиони потенцијални клиенти. На овој начин конкуренцијата помеѓу Amazon и Google во онлајн трговијата станува доста директна.