Ѓукановиќ ја повика владата да ги затвори границите: Податоците се алармантни!

од Nikola Popovski
313 прегледи

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, ја повика Владата итно и без одлагање да ги затвори границите на земјата и да воведе најстроги епидемиолошки мерки против коронавирусот.

Ѓукановиќ го објавил повикот на Твитер откако 18 лица починаа во Црна Гора во последните 24 часа како резултат на корона, што е најголем број за еден ден.

„Податоците за бројот на мртви и новорегистрирани случаи на Ковид-19 се алармантни“, напишал Ѓукановиќ. Уште 417 нови случаи на инфекција со корона се потврдени во Црна Гора.

Да потсетиме, Ѓукановиќ пред шест дена побара затворање на Црна Гора поради влошената епидемиолошка состојба.