Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ им порача на националистите кои го нарекуваат крадец дека имаат право да го сторат тоа, затоа што тој им ја „одзема нивната илузија наречена „Голема Србија“.

„Тие ме сметаат за одговорен затоа што ги спречивме да бидат добри извршители на некој туѓ проект од 2016 година. Тие веројатно ме сметаат дека сум одговорен за нивниот обид да ја злоупотребат прашањето со религијата и да го користат за големосрпски идеи“, рече Ѓукановиќ на прес-конференција со хрватскиот колега Зоран Милановиќ во Цетиње
„Стојам на браникот на таквиот план. Мислам дека го тестиравме во 1990-тите, што заврши со трагедија, ако сме глупави, ќе дозволиме тоа да се случи повторно“, рече Ѓукановиќ.
Тој додаде дека е упорен во намерата да ги брани основните вредности на Црна Гора.
„Ние го браниме европскиот вредносен систем и сè додека сме на таа платформа, јас се чувствувам многу пријатно. Јасно е дека тие ме квалификуваат на тој начин заради тоа, а не заради некои лични карактеристики“, рече Ѓукановиќ.