386
Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ е позитивен на коронавирусот, соопшти неговиот кабинет во четвртокот навечер.
Ѓукановиќ во вторникот вечерта во Загреб присуствуваше на прославата на годишнината од активностите на Националната заедница на Црногорците во Хрватска, а беше придружуван од хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.
Претходно во четвртокот беше објавено дека Ѓукановиќ имал контакт со позитивно лице од Ковид и дека е во изолација.
„Претседателот има благи симптоми и се чувствува добро“, соопшти кабинетот на Ѓукановиќ. Согласно епидемиолошките мерки тој ќе остане во самоизолација, од каде ќе ги извршува редовните претседателски обврски, се додава во соопштението.