Guns N’ Roses ја тужи Texas Guns and Roses – компанија која продава оружје

од Stefanija Kuzmanovska
189 прегледи

Американскиот рок бенд Guns N’ Roses ја тужеше компанијата која ја води онлајн продавницата за оружје Texas Guns and Roses, наведувајќи во поднесокот до американскиот федерален суд дека компанијата незаконски го додала името на групата на своето име.

Адвокатите на бендот тврдат дека компанијата што ја води онлајн продавницата ги мами потрошувачите, што ги наведува да мислат дека бизнисот има врска со групата.

„Guns N’ Roses, разбирливо, не сака да биде поврзан на кој било начин со тужениот, односно со трговијата со огнено оружје“, се вели во тужбата.

Исто така, бендот тврди дека „дилерот на оружје изразува политички ставови поврзани со регулативите и контролата на оружјето што може да предизвика поделба“.

Адвокатите на бендот бараат судење со порота, забрана за користење на името на онлајн продавницата и неодредена отштета.

Guns N’ Roses, основан во 1984 година, е еден од најуспешните бендови на сите времиња, член на Рокенрол Куќата на славните од 2012 година. Членовите на групата се Ексл Роуз, Саул „Слеш“ Хадсон и Мајкл „Даф“ МекКаган.

Слични содржини