Денес во седиштето на НАТО во Брисел, беше оддржано првото редовно заседание на Воениот комитет на НАТО, на кое форматот беше заснован на средба помеѓу началниците на Генералштабовите на Армиите на земјите членки на Алијансата, а меѓу кои учествуваше и нашиот началник на Генералштабот, генерал-потполковник, Васко Ѓурчиновски.
Според информациите од македонскиот Генералштаб, за време на состанокот на советодавното тело на НАТО Алијансата началниците на Генералштабовите на Армиите на 30. земји членки разговарале за повеќе актуелни теми, во насока на одбранбените политики и мировните операции, како и понатамошните дејствија на Алијансата и дискусијата за предизвиците и научените лекции поврзани со Ковид пандемијата.
„По нашето членство во НАТО, генералот Ѓурчиновски учествува на заседанијата на ВК на сите сесии со полно право во процесот на одлучување и донесување на заклучоци, кои се од значење за развојот на Армијата на Република Северна Македонија за целосна интеграција во сите сегменти на НАТО“, информираат од Генералштабот.
Инаку, воениот комитет на НАТО на ниво на началници на Генералштабови два пати годишно ги одржува своите редовни состаноци, а денешната е 185-та редовна конференција која се одржува со сите предвидени мерки за заштита од „Ковид 19“.