Универзитетскиот професор Марјан Ѓуровски, во интервју за емисијата ,,Трилинг” на Телевизија 24 во однос на случувањата на 27 април во Собранието истакна дека главните елементи на дефиницијата е употреба на сила за остваруање на политички цели.
– Се разбира, теорискиот дел на случувањата на 27 април е употреба на сила за остварување на политички цели, но во суштина 27 април е повеќе правно-политички проблем и затоа сметам дека од повеќе аспекти треба да го гледаме тој предмет и настан во поновата македонска политичка историја, вели Ѓуровски.
Тој исто така напомена дека не може да влечеме паралели со случајот на упадот во американскиот конгрес, бидејќи ги немаме сите информации за нападот на конгресот и ставовите на американскиот претседател.
– Во секој случај да го земеме ставот дека тие се терористи, како што сега се тврди во обвинителниот акт и во пресудата. Јас би сакал да прашам која е тогаш терористичката организација, кој ја финансирал и зошто истата не е забранета во нашата држава, истакна Ѓуровски