Густа магла вечерва на патот Тетово-Попова Шапка, можна појава на одрони по котлините и клисурите

од Milan1
15 прегледи

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози на повисоките и претежно суви коловози на пониските места, соопшти вечерва „Македонијапат“.

Намалена видливост од 20 до 50 метри поради појава на магла има на патот од Тетово кон Попова Шапка, до селото Гајре.

Од АМСМ, пак, велат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Слични содржини