Обединетите нации денеска организираат уште една евакуација од Мариупол, изјави генералниот секретар на оваа организација Антонио Гутереш.
„Мораме да продолжиме да правиме се што можеме за да ги извлечеме луѓето од овој пекол“, рече тој.
ОН соопштија дека обезбедуваат секаков вид поддршка на луѓето евакуирани од Мариупол, вклучително и психолошка.