Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш оцени дека можноста за директни преговори меѓу претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Владимир Зеленски, се уште е далеку.
Во интервју за агенцијата РИА Новости, Гутереш рече дека би било важно да се создадат услови за постигнување мир во согласност со Повелбата на ОН, со меѓународното право, но дека, ако се размислува реално, мисли дека оваа можност е се уште далеку и дека веројатно ќе биде тешко да се одржат директните преговори меѓу двајцата претседатели.
Според Гутереш, шансите за постигнување мировен договор меѓу Киев и Москва се уште се минимални.