180
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска изјави дека е „длабоко вознемирен“ од израелската целосна опсада на Појасот Газа.
Хуманитарната ситуација во Газа беше исклучително тешка и пред овие непријателства. Сега само експоненцијално ќе се влошува, посочи Гутереш.
Претходно, израелскиот министер за одбрана Јоав Галант нареди „целосна опсада“ на Појасот Газа по нападот на борците на Хамас врз Израел во текот на викендот.