Гутереш: Држави склучуваат договори за дози на вакцини повеќе од потребното, сиромашните земји не добиле ниту први дози

313 прегледи

Поради бројката од 2 милиони лица кои го загубиле живтот како последица на Ковид 19, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изрази жалење и го потенцираше фактот дека солидарноста опаѓа во одговорот на светот на вирусот.

„Денес сведочиме на вакум околу вакцината“, посочи шефот на ОН.

„Вакцините доаѓаат во богатите земји брзо, додека во сиромашните воопшто ги нема. Науката успева – но солидарноста опаѓа“, додаде тој.

Гутереш, без да споменува имиња, обвини дека одредени земји се договараат за дополнително купување на дози, односно повеќе отколку што им е потребно.

„Владите имаат одговорност да ги штитат своите жители, но вакци-национализмот ќе ги порази самите земји и ќе го успори глобалното заздравување од кризата. Ковид-19 не може да се победи поединечно, земја по земја“, посочува Гутереш.

Исто така, Гутереш посочува дека приоритет мора да им се даде на оние кои се наоѓаат „на првата линија на одбраната, односно хуманитарците и ризичните лица“.

На конференцијата за медиуми претседателот на Генералното собрание на ОН Волкан Бозкир најави дека и тој и Гутереш наскоро ќе се вакцинираат. Шефот на ОН ќе ја прими вакцината следната недела, а Бозкир на 2 февруари.

„Тоа е затоа што Њујорк, каде што се наоѓа седиштето на ОН, има јавно-здравствена политика на давање вакцина на сите постари од 65 години“, кажа Бозкир.

Слични содржини