Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, изјави денеска во Одеса дека останува уште многу да се направи за да се обезбеди глобален пристап до украинските прехранбени производи и руската храна и ѓубрива, откако беше постигнат договор за извоз на храна со посредство на Турција и ОН.
Тој повика на непречен пристап до руската храна и ѓубриво кои не се предмет на санкции на светските пазари, пренесува „Ројтерс“.
„Ова е договор меѓу две страни постигнат во жесток конфликт. Тоа е без преседан и во однос на обемот и според бројот, но имаме уште долг пат да одиме на многу фронтови“, рече Гутереш.
„Електричната енергија произведена во нуклеарната централа Запорожје ѝ припаѓа на Украина“
Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш денеска во Одеса изјави дека електричната енергија произведена во нуклеарната централа во Запорожје, која е под контрола на руските сили, ѝ припаѓа на Украина и дека бара целосно да се почитува овој принцип.
„Очигледно е дека струјата од Запорожје е украинска струја и таа е неопходна особено во зима за украинскиот народ. И овој принцип мора целосно да се почитува“, рече генералниот секретар на ОН.