285
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска изјави дека глобалната финансиска архитектура е застарена, нефункционална и неправедна.
На самитот во Париз за Новиот глобален финансиски пакт, Гутереш рече дека глобалната финансиска архитектура не успеала во својата мисија да обезбеди глобална безбедносна мрежа за земјите во развој, пренесе Ројтерс.
Тој додаде дека меѓународните финансиски институции во моментов се премногу мали и ограничени за да го исполнат својот мандат.