Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш ја прифати поканата да учествува на самитот на БРИКС во Јужна Африка.
Тој има намера да го искористи своето учество за да објави неколку важни пораки, изјави портпаролот на ОН, Стефан Дижарик.
„Поминуваме низ особено тежок период. Самитот на БРИКС обединува многу важни актери на меѓународната сцена. Улогата на Јужноафриканската Република е од особено значење и генералниот секретар со задоволство ја прифати поканата. Ќе ја искористиме за испрати важни пораки“, нагласи вчера Дижарик, пренесува РИА вести.