Гутереш на климатскиот самит: Светот на работ на бездна, Г7 да ги исполни ветувањата

од Stefanija Kuzmanovska
301 прегледи

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ги повика богатите земји да ги исполнат своите ветувања за финансирање на климатските цели на земјите во развој на состанокот на Г7 во јуни, предупредувајќи на денешниот климатски самит, чиј домаќин е американскиот претседател Џо Бајден, дека светот е „на работ во бездна“.

Обраќајќи се на виртуелниот самит на Денот на планетата Земја, Гутереш рече дека „опасните гасови со ефект на стаклена градина се на нивоа што не се видени скоро три милиони години“, пренесува Фондацијата Томсон Ројтерс.

Тој истакна дека глобалното затоплување веќе достигна 1,2 Целзиусови степени и „брза кон прагот на катастрофата“.

„Потребна ни е зелена планета, бидејќи во светот е на сила црвен аларм. Ние мора да осигураме дека следниот чекор е во вистинската насока. Лидерите во сите делови на светот мора да преземат акција“, рече Гутереш.

Слични содржини