Гутереш на средба со Зеленски: Правиме сѐ за да ги евакуираме цивилите од Азовстал

од Nikola Popovski
297 прегледи

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев, го опиша Мариупол како „криза во криза“ и рече дека тие прават се што е можно за да ги евакуираат луѓето од фабриката за челик Азовстал.

Зеленски рече дека верува оти се уште е можен успешен резултат во однос на деблокирањето на Азовстал.

Гутереш повтори дека руската инвазија е „кршење“ на украинската територија и Повелбата на ОН и дека ОН продолжуваат да се залагаат за целосен прекин на огнот.

Тој истакна дека помошта за храна на ОН досега достигнала повеќе од два милиони Украинци.

Пред средбата со Зеленски, Гутереш ги посети Ирпин, Бородијанка и масовната гробница во Буча.

-Во овој момент, можам само да ви кажам дека правиме се што е во наша моќ тоа да се случи. „Не би сакал дополнително да коментирам, за да не ја поткопам таа можност, рече Гутереш, пренесува Ројтерс.

Слични содржини