183
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска изјави дека по разговорите меѓу Русија, Украина, Турција и претставниците на ОН е направен „значаен, суштински чекор“ кон сеопфатен договор за обновување на црноморската рута за извоз на украинско жито.
„Се надеваме дека следната недела ќе успееме да постигнеме конечен договор. Но, како што реков, сè уште ни треба многу добра волја и посветеност од сите страни“, изјави генералниот секретар на ОН за новинарите во Њујорк, пренесе „Ројтерс“.
„Иако Украина и Русија меѓусебно се обврзаа на мир, ни претстои уште долг пат“, смета генералниот секретар на Обединетите нации.