231
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, денеска ги повика нуклеарните сили да се заложат дека нема да користат нуклеарно оружје и предупреди дека ризикот од нуклеарен конфликт се вратил по децении.
„Ова е моментот да ги повикаме нуклеарните сили да се обврзат дека нема да бидат првите што ќе го користат ова оружје и дека нема да им се закануваат на ненуклеарните земји“, рече Гутереш, кој присуствуваше на комеморацијата во саботата по повод 77-годишнина од американскиот нуклеарен напад врз Хирошима.
Генералниот секретар на ОН изрази уверување дека никој не може да ја прифати идејата дека може да има нуклеарна војна и посочи дека тоа би значело уништување на планетата.