242
Неопходно е да се создадат услови за дијалог за Украина и прекин на огнот, изјави денеска во Москва генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за време на средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Денес сме сведоци на тешка ситуација во Украина, имаме различни толкувања за тоа што се случува таму. Но, тоа не ја ограничува можноста за сериозен дијалог“, рече Гутереш, цитиран од РИА Новости.
Тој додаде дека ОН се заинтересирани за создавање на сите услови за ефективен дијалог, итен прекин на огнот и мирно решение.