Гутереш повика на целосно хуманитарно примирје меѓу Израел и Хамас

од Radmila Tasevska

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, денеска побара целосно хуманитарно примирје меѓу Израел и палестинскиот Хамас, наместо привремен прекин на огнот, бидејќи, како што рече, „хуманитарната катастрофа во Газа секој ден се влошува“.

„Дијалогот што доведе до договорот мора да продолжи и да донесе целосен прекин на огнот, за доброто на народот на Газа, Израел и регионот. Обединетите нации ќе продолжат да ги поддржуваат овие напори на секој можен начин“, рече портпаролот на Гутереш, Стефан Дијарик.

Гутереш повика на ослободување на заложниците заробени од Хамас „веднаш и безусловно“, додаде Дијарик.

Тој, исто така, истакна дека ОН го зголемија количеството хуманитарна помош во изминатите четири дена откако беше воспоставен прекинот на огнот и испратија помош во некои северни области на Појасот Газа, кои беа отсечени неколку недели.

„Меѓутоа, оваа помош тешко ги задоволува големите потреби на 1,7 милиони раселени луѓе. Хуманитарната катастрофа во Газа секој ден станува се поголема“, заклучи Дијарик.

Слични содржини