Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска повика на дипломатски напори на Блискиот Исток со цел да се спречи проширување на конфликтот по нападите на Хамас врз Израел.
„Повикувам на преземање дипломатски напори за да се избегне ескалација на конфликтот“, наведе Гутереш.
Тој додаде дека „само преку преговори кои ќе доведат до решение со двете држави може да се постигне мир“.