Гутереш: Се намалуваат изгледите за мир во Украина

од Stefanija Kuzmanovska
158 прегледи

Изгледите за мир во Украина се намалуваат, додека веројатноста за понатамошна ескалација на конфликтот расте, рече генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изразувајќи стравувања дека светот се лизга во „војна од поголеми размери“.

Говорејќи пред Генералното собрание за неговите приоритети за 2023 година, генералниот секретар на ОН рече дека на планетата ѝ е потребен „мир во согласност со Повелбата на ОН и меѓународното право“.

„Се плашам дека светот влегува во поширока војна. Тоа го прави со широко отворени очи“, рече Гутереш.

Слични содржини