Гутереш: Се уште немаме решение за деблокада на испораката на жито

од Stefanija Kuzmanovska
275 прегледи

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска изјави дека се надева оти кризата со храна предизвикана од војната во Украина ќе биде ублажена, но предупреди дека се уште е неизвесен каков било договор за деблокирање на испораката на стоки како што е житото.

„Мислам дека има напредок, но сè уште не најдовме решение. Тоа се сложени работи и фактот дека сè е меѓусебно поврзано ги прави преговорите посебно тешки“, рече Гутереш на заедничката прес-конференција со шведската премиерка Магдалена Андерсон во Стокхолм.

Антонио Гутереш, кој ги посети Москва и Киев претходно оваа година, се обидува да посредува во „пакет аранжманот“ за продолжување на извозот на храна од Украина и Русија и извозот на руски земјоделски ѓубрива.

Слични содржини