Гутереш: Судбината на Блискиот исток виси на конец

од Stefanija Kuzmanovska
174 прегледи

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш повика денеска на итен хуманитарен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас и итно ослободување на заложниците без поставување услови, наведувајќи дека „судбината на регионот виси на конец“.

Говорејќи на Самитот на иницијативата „Појас и пат“ во Пекинг, тој ги повтори „двата итни хуманитарни апела“, пишува „Гардијан“.

Гутереш го повика Хамас „веднаш и безусловно да ги ослободи заложниците“, а Израел „веднаш да дозволи неограничен пристап до хуманитарна помош за да одговори на најосновните потреби на жителите на Газа“.

„Повикувам на итен хуманитарен прекин на огнот со цел да се обезбеди доволно време и простор за реализација на моите два повика и за ублажување на човечкото страдање на кое сме сведоци. Премногу животи и судбината на целиот регион висат на конец“, рече Гутереш.

Слични содржини