Гутереш: Владите и приватниот сектор треба да соработуваат за извоз на руска храна и ѓубрива

од Берта Китинска
210 прегледи

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска изјави дека владите и приватниот сектор треба да работат заедно за да испорачаат руска храна и ѓубриво, како и украинско жито на светските пазари според договорот за извоз на храна, постигнат минатиот месец со посредство на Турција и ОН.

„Вториот пакет од овој договор се однесува на непречен пристап на руската храна и ѓубрива до светските пазари бидејќи овие производи не подлежат на санкции. Важно е сите влади и приватниот сектор да соработуваат со цел да се донесат овие производи на пазарот“, вели тој. изјави Гутереш на прес-конференција во Истанбул, пренесува Ројтерс.

Слични содржини