218
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изјави денеска, за време на посетата на украинскиот град Буча, местото на наводните воени злосторства од страна на руските сили, дека целосно го поддржува Меѓународниот кривичен суд (МКС) и ја повика Русија да соработува со институција.
„Целосно го поддржувам Меѓународниот кривичен суд и апелирам до Руската Федерација да прифати соработка со Меѓународниот кривичен суд, но кога зборуваме за воени злосторства, не можеме да заборавиме дека најлошото злосторство е самата војна“, рече Гутереш, цитиран од БиБиСи.
Генералниот секретар на ОН оцени дека војната во 21 век е апсурдна и дека е сосема природно да се сочувствува со жртвите и нивните семејства.