Гутереш: Војната во Украина ги зголемува геополитичките тензии ширум светот

од Radmila Tasevska

Војната што ја почна Русија во Украина „ги интензивира геополитичките тензии и поделби, ја загрозува регионалната стабилност, го подигнува нивото на нуклеарната закана и создава длабоки јазови во нашиот сè повеќе мултиполарен свет“, изјави денеска генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Тој ова го кажа во воведното обраќање на состанокот на Советот за безбедност на ОН посветен на конфликтот.

Од почетокот на целосната инвазија на Русија на Украина пред 19 месеци, Советот за безбедност се состана десетици пати за ова прашање. Но, тој не може да преземе никаква вистинска акција бидејќи Русија има право на вето.

Слични содржини