Антониу Гутериш изјави дека наводната напад со хемиско оружје во Сирија покажува дека воените злосторства во Сирија продолжуваат.

Претседателот на ОН Антониу Гутериш изјави дека наводниот напад со хемиско оружје, во кој вчера загинаа повеќе од 70 лица во контролиран од бунтовниците сириски град Хан Шејхун, покажува дека воените злосторства во Сирија продолжуваат.
“Ужасната настани од вчера демонстрираат за жал, дека воените злосторства во Сирија продолжуваат и меѓународното хуманитарно право често бива прекршувано”, рече Гутериш пред конференцијата за Сирија во Брисел.
Во понеделникот в зори беше извршњн воздушен при удар против град Хан Шејхун во северозападна Сирија. Многу од повредените се жалат на типични за напади со хемиско оружје симптоми: повраќање, вртоглавица, респираторни проблеми.
Режимот на сирискиот претседател Башар Асад ја носи “главната одговорност” за нападот, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини. / АФП