Гувернерот на Њујорк доби рок да обезбеди докази: Обвинет е за сексуално вознемирување на жени

од Stefanija Kuzmanovska
324 прегледи

Пратениците од Њујорк му соопштиле на гувернерот Ендрју Куомо дека истрагата за можноста за негово отповикување е речиси завршена и го постави 13 август како краен рок да обезбеди дополнителни докази пред конечната одлука.

Од март, правосудниот комитет на Њујоршката држава истражува дали постојат основи за отповикување на гувернерот на Демократската партија под обвинение за сексуално вознемирување на 11 жени, мамење на јавноста во врска со појавата на ковид-19 во домови за стари лица и користење државни ресурси и персонал за работата на книгата која му донесе пет милиони долари, објави АП.

Адвокатската фирма што ја водеше истрагата, во писмото го потсети правниот тим на Куомо дека побарала одредени документи во судот и дека очекува „целосна соработка од гувернерот“, но дека неговото време за одговор е речиси завршено.

– Сакаме да ве информираме дека истрагата е при крај, и дека собранието наскоро ќе размисли за отповикување на вашиот клиент. Соодветно на тоа, ве повикуваме да доставите дополнителни докази или пишани документи што би сакале одборот да ги разгледа пред да заврши работата – се наведува во писмото.

Комитетот ќе се состане за ова прашање во понеделник.

Слични содржини