Гувернерот на Северодоњецк: На улиците се водат жестоки битки

од Stefanija Kuzmanovska
262 прегледи

На улиците на Северодоњецк, град во источна Украина денеска избија жестоки борби, а руските сили уништија „се што може да се користи за одбрана“, изјави регионалниот гувернер Сергеј Гајдаи.

Гајдаи изјавил дека Русија ги гранатира областите на градот кои се уште се под контрола на Украина, пренесува „Ројтерс“.

Гајдаи истакнува дека украинските сили ќе можат да го „исчистат“ градот само кога ќе добијат артилерија од долг дострел.

Слични содржини