Гувернерот на Тексас забрани воведување обврски за вакцинација

од Vladimir Zorba
305 прегледи

Гувернерот на Тексас, Грег Абот издаде извршна наредба со која им се забранува на компаниите или другите субјекти да ја наметнат обврската за вакцинација против ковид-19 на поединци во таа држава.

Републиканецот Абот така се спротивстави на американскиот претседател Џозеф Бајден, демократ кој минатиот месец ги повика работодавачите низ целата земја да им наложат на своите вработени да се вакцинираат против коронавирусот инаку ќе бидат отпуштени.

„Вакцината против коронавирус е безбедна и ефикасна, таа е најдобра одбрана од вирусот, но треба да остане доброволна, а не наметната“, рече Абот.

Тој посочи дека „ниту еден ентитет во Тексас“ не може да побара доказ за вакцинација од било кој поединец, вклучително и вработени или корисници.

Технолошките гиганти Фејсбук и Гугл, кои вработуваат голем број луѓе во Тексас, побараа од своите вработени да имаат сертификат за вакцинација за да можат да се вратат во своите канцеларии.

„Американ Ерлајнс“, исто така, им нареди на вработените да достават потврда до 24 ноември дека се вакцинирани или ќе бидат отпуштени.

Слични содржини