Гвардиола: 72 поени се супер, но има уште многу натпревари

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола конечно изрази задоволство од лидерската позиција во Премиер Лигата.

Инаку воздржан, Гвардиола изјави дека постигнатите поени се прилично добро достигнување.

„Ние водиме пред нашиот најблизок конкурент со 16 поени, но денес тие можат да станат 13. Има многу дуели пред нас и не можам да предвидам како ќе се развијат настаните“, рече Гвардиола во свој стил.

„Но, 72 поени во февруари се навистина добар резултат и ќе видиме по 38 натпревари каде ќе бидеме“, додаде тој.

„Уживаме во нашата работа и се надеваме на трофеи. Ако
ние продолжуваме да играме со такво расположение, нашите противници нема да поминат лесно“, заврши Гвардиола.

Слични содржини