Гвардиола на прашање за Халанд: Откако пристигнав, секој месец купуваме по педесет играчи

од Nikola Popovski
477 прегледи

Пеп Гвардиола и неговиот Манчестер Сити имаат две реми средби во низа, а за викенд играат во ФА Купот против Саутемптон. Тренерот на Манчестер Сити дозна и дека противник во осминафиналето од Лигата на шампионите ќе му биде Атлетико Мадрид. По тој повод се одржа прес-конференција на која Гвардиола одговараше на бројни прашања.

Еден новинар го праша дали има некакви проблеми со мотивирање на играчите за натпревари како што е ФА Купот. Прашањето навистина не му се допадна на Гвардиола.

„Како можеш да ме прашаш нешто вакво кога го играме секој натпревар во секое натпреварување како да ни е последен во последните шест години? Знам дека се чини дека сè ви исчезнува сега, мислите дека е готово и дека немаме шанси да освоиме ништо“, рече Гвардиола.

Новинарите го прашаа и што мисли за наводното доведување на норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд. Гвардиола само цинично прокоментира:

„Халанд е играч на Борусија Дортмунд. Не можам да зборувам за луѓе кои не се во нашиот клуб. Откако пристигнав, секој месец купуваме по педесет играчи“, изјави Гвардиола.

Слични содржини