Гвардиола разочаран по ремито со Ливерпул: Пропуштивме голема шанса

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, беше прилично разочаран од ремито 2-2 со Ливерпул во големото дерби меѓу двата тима.

„Граѓаните“ двапати водеа резултатски, но дозволија две израмнувања. Шпанецот е на мислење дека неговиот тим ја испуштил победата и шансата да се одлепи во битката за титулата.

„Се чувствувам како да пропуштивме голема шанса. Ги оставивме во живот. Сепак, им реков на играчите да ја држат главата високо. Не сакам да видам никаква тага или жалење. Во повеќето случаи, кога играте добро, сте направиле добри работи, но не сте победиле, нормално е да бидете разочарани. Но, јас им реков брзо да го заборават овој натпревар. Можеби ја испуштивме победата, но јас сум горд на мојот тим“, изјави Гвардиола.

„Ќе се бориме до самиот крај. Еден промашен бод, едно реми и нема да бидеме шампиони. Да победевме денеска, ќе бевме посмирени дека грешката на некој од следните натпревари немаше да биде фатална. Ќе биде тешко да ги победиме сите преостанати натпревари, но и на нив. Мислам дека беше многу добар натпревар. Двете екипи си разменија удари – ние напаѓавме, па тие напаѓаа – двете екипи го користеа оружјето“, изјави Шпанецот.

Слични содржини