Гвардиола сруши рекорд на Мурињо

од Vladimir Zorba

Фудбалерите на Манчестер Сити ја забележаа 20-тата последователна победа во саботата откако го совладаа Вест Хем со 2:1 во натпревар од 26-тото коло на англискиот шампионат. Во серија се од 27 натпревари без пораз во сите натпреварувања, односно само уште едеб натпревар од рекордот на клубот што го постигнаа од април до декември 2017 година.

Додека се чека тој рекорд, менаџерот на тимот Пеп Гвардиола запиша еден сопствен.

Ова беше негов 273. натпревар на клупата на тимот од „Етихад“, а тој ја забележа 200-та победа за истиот. Никогаш порано менаџер кој водел клубови во англиската Премиер лига не достигнал толку многу победи пред него. До денес, тој рекорд го држеше Жозе Мурињо, кој стигна до 200-тата победа во 309 дуели на чело на Челси.

Патем, тоа беше и вкупно 500 победа на Гвардиола на клупите на клубовите од најсилните лиги. Пред да дојде во Сити, тој постигна 179 со Барселона и 121 со Баерн.

Слични содржини