„Х“ го одблокира профилот на вдовицата на Навални

од Nikola Popovski
213 прегледи

Профилот на Јулија Навални, вдовицата на сега веќе починатиот руски опозиционер Алексеј Навални, на социјалната мрежа „Х“ бил накратко блокиран поради грешка предизвикана од системот за спречување манипулации и несакани пораки за целите на пропаганда.

„Системот против манипулација на нашата платформа го означи профилот на Јулија Навални како ги прекршува условите за користење“, објавија од „X“.

Од компанијата додаваат дека „ја прекинале суспензијата на профилот веднаш штом дознале за грешката“, по што тој бил вратен за помалку од еден час.

Јулија Навални, вчера преку видео порака, која ја сподели на „Х“, изјави дека ќе ја продолжи работата на својот сопруг и ќе се бори против Владимир Путин и за слободна Русија.

Нејзиниот профил досега привлече повеќе од 150.000 следбеници, а видеото што го објави вчера било прегледано пет милиони пати.

Слични содржини