„Х“ и Маск побараа да се отфрлат одредени тужби за неплаќање отпремнина

од Vladimir Zorba
294 прегледи

Платформата X, порано позната како Twitter, и нејзиниот сопственик Елон Маск, побараа од федералниот судија во државата Делавер да отфрли една од неколкуте тужби поврзани со тврдењата дека компанијата не ја исплатила ветената отпремнина на претходно отпуштените вработени.

Во поднесокот се наведува дека шесте поранешни вработени кои ја тужеа компанијата во мај не биле страни во спогодбата за спојување од 2022 година меѓу Twitter и холдинг-компанијата на Маск, така што тие не можат да ја тужат корпорацијата за наводно прекршување на договорот за отпремнина.

Адвокатите на Маск тврдат дека тужбите против него треба да бидат отфрлени бидејќи тој не потпишал конкретна одредба од договорот за спојување што вклучува бенефиции за вработените, вклучително и отпремнина.

Слични содржини