H&M отвора продавница во „Ист Гејт“ во 2022 година

од Vladimir Zorba
412 прегледи

Ист Гејт Мол своето семејство на закупци го збогатува со уште еден светски моден бренд од сегментот на мода.

H&M во текот на 2022 година ќе ја отвори својата прва „flagship” продавница на 2.300м2 во Ист Гејт Мол.

Ист Гејт Мол, отварајќи ги вратите за H&M, ја покажува својата доследност кон зацртаната стратегија да биде водечки регионален трговски центар кој нуди едно сосема ново потрошувачко искуство на своите посетители.

Hennes&Mauritz (H&M) AB (publ) е основана во Шведска во 1947. Бизнис концептот на компанијата е современа мода и квалитет по најдобра цена.
Групацијата H&M има приближно 2.700 продавници на 48 пазари, вклучувајќи ги и пазарите за франшиза.

Слични содржини