Хаџи – Јанев: Никогаш не може да се победи народ и тоа сега ѝ стана јасно на Русија

од Берта Китинска
335 прегледи

Војната во Украина се развлече многу подолго од очекувањата, а особено од руските очекувања, вели генерал проф. д-р Методи Хаџи – Јанев за Утрински брифинг.

-Ова е најеклатантен пример дека фрикцијата на војната е тешко предвидлива. Прво што се знае е дека првичниот план секогаш пропаѓа, но затоа треба да се има резервни. Јасно е дека никогаш не може да се победи народ и тоа сега ѝ стана јасно на Русија, вели Хаџи – Јанев.

Тој појаснува дека она што го гледам дека во Украина се пуштени регрути, главно од областите на Руската Федерација со муслиманско население.

-Ова е многу чудно за Русија, според она што самата го презентираше но и според западното разузнавање, а имајќи предвид дека руската армија и нејзиното оружје е далеку над украинската. Се вели дека во Украина се пуштени регрути, главно од областите на Руската Федерација со муслиманско население, што е чудно, вели Хаџи – Јанев.

Според него моралот кај регрутите кои се испраќаат да војуваат е на ниско ниво.

-Војниците, па и генералите користат руски СИМ картички што овозможува нивно лесно лоцирање, што би требало да биде прва работа што ќе се забрани, додава Хаџи Јанев.

Слични содржини