Хаџиев: Азербејџан има за цел мирна реинтеграција на Нагорно Карабах и нормализација на односите со Ерменија

од Radmila Tasevska

Азербејџан денеска соопшти дека бара „мирна реинтеграција“ на Нагорно-Карабах во својата територија и „нормализација“ на односите со Ерменија, откако етничките Ерменци во регионот се согласија на рускиот предлог за прекин на огнот, пренесе Хина.

-Азербејџан цели кон мирна реинтеграција на Ерменците од Карабах и го поддржува процесот на нормализација на односите меѓу Ерменија и Азербејџан, кажа на прес-конференција Хикмет Хаџиев, советник на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев.

Тој, исто така, кажа дека Азербејџан, поради брзата капитулација на ерменските сепаратисти, смета дека е непотребна итната седница на Советот за безбедност на ОН за судирите во Нагорно-Карабах, што вчера ја побара Франција.

-Сметаме дека таква седница, доколку се одржи, би била неефикасна и штетна, додаде тој.

Етничките Ерменци во отцепениот азербејџански регион Нагорно-Карабах денеска се согласија на рускиот предлог за 24-часовен прекин на огнот откако Азербејџан вчераутро ја почна офанзивата или како што ја нарече „антитерористичка операција“ за враќање на контролата врз енклавата во која загинаа десетици, а стотици лица беа повредени.

Слични содржини