Хадсон-Одои официјално ја замени Премиер лигата со Бундеслигата

од Vladimir Zorba
179 прегледи

Крилниот напаѓач на Челси, Калум Хадсон-Одои официјално му се приклучи на Баер Леверкузен на позајмица до крајот на сезоната, потврдија двата клуба. Лондончани, сепак, го задржуваат правото да го вратат 21-годишниот Англичанец во јануари. Во спротивно, во договорот нема опција за купување.

Хадсон-Одои е дел од школата на Челси од 8-годишна возраст. Досега за сините има 126 настапи во сите натпреварувања и постигна 16 голови. Во последните три кола не забележа ниту една минута на натпреварите на сините.

Минатата година, друг бундеслигаш, Борусија (Дортмунд), направи неуспешни обиди да го ангажира Хадсон-Одои, кој сега ќе игра во дресот број 17 на Леверкузен.

„Трансферот во Германија е нешто многу возбудливо за мене. Исто така, можам да играм во Лигата на шампионите со Баер. Оваа комбинација е многу привлечна и едвај чекам да го запознаам клубот, навивачите и Бундеслигата. Каи Хаверц ми кажа само добри работи“, изјави Англичанецот за веб-страницата „аспирините“.