Хаг: 20 милиони евра за одбрана на обвинетите Тачи, Весељи, Мустафа и Сељими

од Vladimir Zorba
328 прегледи

Министерот за правда на Косово, Сељим Сељими, потврди дека се одвоени 20 милиони евра за одбрана на обвинетите пред Специјалниот суд во Хаг.

Тој пред новинарите изјави дека должност на владата во Приштина е да ги брани обвинетите, пренесува порталот „Репортери“.

„Имаме одреден буџет, тоа е наша должност и законот не обврзува да го сториме тоа. Вкупно 20 милиони евра ќе бидат издвоени за одбрана на обвинетите“, рече Сељими.

Хашим Тачи, Кадри Весељи, Салих Мустафа и Реџеп Сељими се наоѓаат во притворската единица во Хаг и се обвинети за воени злосторства врз цивили и неалбанско население.

Слични содржини